Достапни линкови

Крваво отворање на гласачките места во Ирак, 24 загинати


Ирачките власти соопштија дека најмалку 24 луѓе загинаа и 60-тина се ранети при бомбашки напади веднаш по отворањето на гласачките места. Денеска во Ирак се гласа за избор на пратеници. Околу 6 000 кандидати од над 80 политички партии се натпреваруваат за 325 пратенички места. Во Ирак право на глас имаат 19 милиони луѓе. Новинските агенции известуваат дека илјадници војници и полицајци подржани од американски трупи се поставени на избирачките места за да го заштитат народот кој ќе излезе да гласа . Ова се втори парламентарни избори по падот на режимот на Садам Хусеин.
XS
SM
MD
LG