Достапни линкови

Милошоски: Македонија е подготвена да ги реализира реформите


Македонија е подготвена да го исполни својот дел од работата, да ги исполни реформите кои се очекуваат од нас и да ја покажеме нашата конструктивност, желба и посветеност за надминување на некои прашања кои се испречуваат на процесот на евроинтеграциите. Ова денеска го изјави министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски во Кордоба, Шпанија по завршувањето на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи за земјите членки на Европската унија. Милошоски изјави дека процесот на евроинтеграциите е заедничка обврска на Европската унија и на Македонија. Тој додаде дека очекува да биде ставено на маса прашањето за почеток на преговорите за време на шпанското претседавање со Унијата.
XS
SM
MD
LG