Достапни линкови

Ахмадинеџад: Нападите на 11 септември се „фабрикувани“ настани


Иранскиот претседател, Махмуд Ахмадинеџад смета дека терористичките напади на 11 септември во Соединетите Американски Држави се „фабрикувани“ за да се оправда војната против тероризмот, јави новинската агенција ИРНА. Ахмадинеџад изјави дека нападот на 11 септември е „фабрикуван инцидент“ кој и претходи на големата американска кампања против тероризмот и вовед во авганистанската инвазија. Тој го опиша уривањето на двете кули Близначки во Њујорк како сценарио на разузнавачките сили.
XS
SM
MD
LG