Достапни линкови

Владата ги соопшти новите антикризни мерки


Измена на законот за данок на додадена вредност , односно фирмите наместо на 15-ти ќе треба до 25- тиот ден во месецот да си ги платат давачките. За 30 проценти се намалува надоместот за приватизација на градежно земјиште за правните лица. Подобрување на условите за користење на кредитите од Европската инвестициона Банка и Македонската Банка за подршка и развој. Ова се дел од антикризните мерки што ги соопшти денеска Владата.
Премиерот Никола Груевски изјави дека овие 20тина мерки кои се однесуваат на даночната, кредитната, земјоделската и градежничката област, ќе придонесат за стимулирање на растот и развојот на земјата и ќе помогнат во подигнување на конкурентноста на македонската економија во долгорочен план.Тој посочи дека новите антикризни мерки нема да дадат некој спектакуларен резултат, бидејќи, како што изјави, главните мерки веќе се преземени во 2009 година и тие во голема мерка им помогнале на фирмите.
XS
SM
MD
LG