Достапни линкови

Штаб на СДСМ погоден од куршум


Македонското министерство за внатрешни работи соопшти дека најверојатно заталкан куршум го скршил излогот на општинскиот штаб на СДСМ во Аеродром. Според соопштението на МВР пукано е од голема далечина и како што се вели во соопштението се претпоствува дека штабот на СДСМ не бил мета на пукањето. Претходно претседателот на општинскта организација на СДСМ, Диме Велковски изјави дека се надева оти овој инцидент не е политички мотивиран.Тој порача дека ваквите притисоците се залудни и дека можат само да резултираат со спротивен ефект. МВР апелира да не се креваат тензии во јавноста.
XS
SM
MD
LG