Достапни линкови

Црвенковски: Уставните промени носат свој ризик


Најавената лидерска средба за промена на Уставот во делот на Судскиот Совет не е иницирана од премиерот Никола Грусевски туку тоа е предлог на меѓународната заедница.Ова денеска го изјави лидерот на опозициската партија СДСМ, Бранко Црвенковки кој вели дека ќе присуствува на таква средба ако биде организирана. Црвенковски предупреди дека секое менување на Уставот носи свој ризик, како што вели тој, ќе се појават уште многу барања во многу други делови на Уставот и без добра подготовка целата постапка може да биде контрапродуктивна.Тој изјави дека со тоа што Владата најавува иницијативи да промени нешто во судството таа признава на некој начин дека состојбата со македонското судство е катастрофална.
XS
SM
MD
LG