Достапни линкови

Избори во Ирак


Ирак - кампања

Ирак - кампања

Во Ирак денеска 7 Март, втори парламентрани избори од остранувањето на Садам Хусеин во 2003. За Меѓународната заедница станува збор за клучни избори за единството на Ирак каде последните денови од кампањата беа нарушени од серија смртоносни самоубиствени напади. И денот на гласањето одбележан со бомбашки напади и жртви

Ирачаните во недела 7 Март го избираат новиот состав на Парламентот во клучните избори кои ќе ја обликуваат турбулентна политиката на земјата од која американските сили се подготвуваат да заминат. Безбедноста беше засилена во Багдад пред гласањето, кое исламиските бунтовници ветија дека ќе го попречат со насилство. Сепак уште на почетокот на гласачкиот ден, како што јавија агенциите, имаше бомбашки напади во кои загинаа 24 лица а 60 тина беа ранети.





Засилена безбедност

На денот на гласањето во Багдад во сила е забрана за движење на возила провинциите. Големи мерки на копно, воздух и вода се превземаат и во другите ирачки провинции. Речиси 50 луѓе се убиени во последните неколку дена на кампања, вклучувајќи ги и војници и полицајци за кои беше организирани предвремено гласање. Организацијата Исламска држава Ирак, која е филијала на Ал Каеда им нареди на Ирачаните да останат дома и да не гласаат. Многу Ирачаните сепак имаат големи надежи дека изборите ќе донесат мир и безбедност, по годините на хаосот:

Ахмед Малик е жител на Багдад.

"Ние ќе гласаме утре. Имам многу верба дека народот ќе избере моќна влада која ќе работи врз изградбата на оваа земја, која страда над 30 години."

По изборите преговори за формирање коалиција

Политичка сцена во Ирак е фрагментирана што значи дека ниту една партија, најверојатно нема да освои 163 места во Парлаемнтот потребни за да формира влада по своја. Затоа, се очекуваат долготрајните преговори за формирање на владината коалиција. И покрај порастот на насилството и можните политички превирања, државниот секретар на САД Хилари Клинтон, изјави дека само поразителни околности би го присилиле Вашингтон да размисли околу планираното повлекување на војниците до крајот на 2011 година.
Генералниот секретар на Обединетите Наци Бан Ки Мун ги повика ирачаните да гласаат, нарекувајки ги изборите милениумски чекор кон националната обнова на земјата. Станува збор за втори по ред избори по остранувањето на Садам Хусеин од власта во 2003 а тие се одржуваа 6 месеци пред американските борбени сили да го напуштат Ирак.

Ирачаните во дијаспората гласаа претходно

Ирачаните кои живеаат во странство гласаа во рамките на парламентраните избори што во Ирак треба да се одржат в недела. Обединетите нации оценуваат дека од почетокот на американската инвазија врз Ирак во 2003 година околу два милиона ирачани ја напуштиле татковината. В недела на изборите треба да гласаат скоро 20 милиони ирачани. Станува збор за втори парламентарни избори од падот на режимот на Садам Хусеин.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG