Достапни линкови

Техеран се откажа од услугите на 2 руски пилоти


Техеран на двајца руски комерцијални пилоти им даде два месеца да ја напушат земјата, бидејки нема потреба од нив. Оваа одлука доаѓа откако руски авион се запали на слетување при што беа повредени над 40 лица. Од друга страна, односите со Москва се заладија откако Русија не успеа да му испорача на Иран одбранбен ракетен систем С – 300. Соединетите држави се противставија Техеран да добие таков систем. Русија соопшти дека нема да продаде оружје за да не го дестабилизира регионот.
XS
SM
MD
LG