Достапни линкови

logo-print

ФБИ и Романската полиција успешно против интернет криминалците


Романската полиција со помош на Американската ФБИ уапсила преку 100 сајбер криминалци во последните 18 месеци, соопшти директорот на ФБИ Роберт Милер на прес конференција во Сан Франциско.
„Пред четири години повеќе американски компании се заканија дека ќе ги прекинат врските со Романија поради информатичкиот криминал во земјата. Денес Романија е еден од нашите најсилни партнери“, изјави Милер.
Тој информира за случај во кој хакери упаднале во информативниот систем на една банка и украле броеви на сметки и ПИН-кодови. Тие фалсификувале повеќе од 400 банкарски картички и им нанеле штета на стотици луѓе во целиот свет.
- За само 24 часа во околу 280 градови успеаја да украдат околу 10 милиони долари. Загубите беа ограничени само од бројот на лицата ангажирани за оваа цел и затоа што на банкоматите имало гужва, објасни шефот на ФБИ. Тој рече и дека тројцата најопасни хакери, кои стоеле зад тој напад, исто така се уапсени
XS
SM
MD
LG