Достапни линкови

Милошоски на нефoрмален состанок на ЕУ во Кордоба


Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски денеска во Кордоба, Шпанија, на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија, ќе има билатерална средба со министерот за надворешни работи на Унгарија Петар Балаш, јави известувачот на МИА. Шефовите на дипломатиите на земјите-кандидати за членство ке учествуваат на неформалниот состанок, во форма на работен ручек на кој ќе се дискутира за состојбите во Западен Балкан,
Станува збор за подготовка на состанокот на високо ниво за Западен Балкан, кој е предвидено да се одржи кон крајот на мај или почетокот на јуни во Сараево, во организација на шпанското претседателство. Притоа, посебен акцент ќе биде ставен врз состојбите во Босна и Херцеговина и Косово.
XS
SM
MD
LG