Достапни линкови

Потребни инвестиции во инфраструктурата


Оштетувања на магистралниот пат Битола-Ресен
Оштетувања на магистралниот пат Битола-Ресен

По оштетувањето на магистралниот пат Битола-Ресен, од Владата велат дека сега условите дозволуваат само времена, додека во летните месеци ќе започнат со трајна санација на проблемот. Возачите кои сега го користат стариот пат, порачуваат дека наместо споменици, треба да се реконструираат патиштата.

Патишта ни се потребни за да стигнеме до Европа, а не споменици, реагираат нервозно возачите кои деновиве мораат до го користат стариот пат од Битола за Ресен зашто магистралниот по пропаѓањето на големо парче асфалт е забранет за сообраќај. Коловозот по кој секојдневно минуваат стотици возила и лесни и тешки, стар е со децении, години беше вон употреба. Дел е асфалтиран, дел коцка, а реконструкции немало одамна.
Какви споменици, треба инфраструктура, патишта, на секој чекор има дупки. Во Албанија бев лани милион пати се подобри патиштата отколку тука кај нас


„Какви споменици, треба инфраструктура, патишта, на секој чекор има дупки. Во Албанија бев лани милион пати се подобри патиштата отколку тука кај нас.“

„На едно место е претерано тесен и ризичен е за возење, а тоа место паѓа токму на кривина. Лизгав е, малку да заврни проблем ќе биди. Гужва има. Има доста нерамнини. Стар пат е тоа со години не е реновиран.“

Од „Македонија пат“ велат дека сега го поправаат стариот пат за да може непречено да се одвива сообраќајот.

„Моментално се работи на стариот пат, се проширува и се обновува, дупки што има ударни, дрвја, гранки се останати по стариот пат. Кон излезот од Макази треба да се реновира, таму има извадено некоја коцка.“
Во летниот период меѓу јуни и септември ќе се започне со реконструкција која ќе трае два до три месеци и тогаш трајно ќе се направи реконструкција на овој патен правец


вели Димче Баевски, вработен во „Македонија пат“. Магистралниот пат Битола-Ресен првпат распука на 21 февруари. Тринаесет дена подоцна пропадна и санираниот дел. Расцепот е длабок половина метар, а пропаднатото парче долго 60 метри. Надлежните велат дека свлечиштето е предизвикано од влага, а не од тоа што со години немало темелна реконструкција на еден од најоптоварените патишта во државата кој од Битола, преку Ресен води за Преспа и Охрид.

„Ова е појавено локално, такви геолошки услови кои предизвикале појава. Инаку ако е од самиот пат, би требало цел да биде во таква состојба, не е од тоа.“

вели Милорад Јовановски, професор од Градежен фракултет. Во овој период од годинава условите дозволуваат само времена санација на свлечиштето, потемелни интервенции на лето.

„Агенцијата за патишта ќе изготви проект за поголеми зафати да се направат за трајна санација на ова свлечиште. Во летниот период меѓу јуни и септември ќе се започне со реконструкција која ќе трае два до три месеци и тогаш трајно ќе се направи реконструкција на овој патен правец.“

изјави Миле Јанакиевски, министер за транспорт и врски.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG