Достапни линкови

Реновирање на Домот на занаетчиите во Куманово


Домот на занаетчии во Куманово

Домот на занаетчии во Куманово

Во тек се активности за реновирање на Домот на занаетчии во Куманово, монументална градба по која овој град е препознатлив. Се планира објектот да се користи за мултинационални состаноци и конференции, за потребите на локалната самоуправа, Занаетчиската Комора, и други содржини.

Домот на занаетчиите или како што кумановци го нарекуваат Занатскиот дом е монументална градба на големиот Градски плоштад во Куманово, по кој градот најчесто е препознатлив. Низ своето осум децениско постоење делото на некогашниот архитект Владимир Антонов одамна не се користи функционално, а по добивање во надлежност на локалната самоуправа во тек се интензивни активности за реновирање и модернизирање на неговиот ентериер. Младите и перспективни архитекти Стефан Лазаревски и Стефан Георгиевски се автори на идејното решение, а предлози и дополнувања проектот ги доби и од останатите надлежни во Општината. Објектот ќе биде
Сега сме во фаза на планирање на реставрација на Занатскиот дом, со тоа што ќе имаме место за Занаетчиска комора, за невладините организации, сала за состаноци на локалната самоуправа и за други содржини
пуштен во употреба во ноември годинава, кога како што вели градоначалникот Зоран Дамјановски, ќе му се врати душата и некогашниот сјај.

„Сега сме во фаза на планирање на реставрација на Занатскиот дом, со тоа што ќе имаме место за Занаетчиска комора, за невладините организации, сала за состаноци на локалната самоуправа и за други содржини.“

Горан Митевски од локалната самоуправа додава дека Занаетчискиот дом ќе биде и за:

„Мултинационални состаноци и конференции. Објект како обележје на градот да добие содржина која ќе биде од интерес на сите граѓани.“

Во наредниот месец ќе се преземат сите неопходни мерки за обезбедување средства, техничка документација, согласност од локалниот совет, а ќе биде побарана помош и подршка и од меѓународните организации и фондации. Занатскиот дом е една од најстарите градби во Куманово која до сега опстанала без надворешни промени и која за повозрасните кумановци е место за сеќавање на минатото.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG