Достапни линкови

Анкета за искористеноста на визната либерализација


Во резултатите од анкетата што во минатиот месец ја спроведе Центарот за истражување и креирање политики се наведува дека по стапувањето на визната либерализација во декември лани само 6,6 отсто од македонските граѓани патувале некаде во земјите на Европската унија. Од анкетираните илјада и сто испитаници 30 насто од оние што одговориле дека не патувале се изјасниле оти главна причина за тоа е недостигот финансиски средства, а 27,8 отсто затоа што се уште не успеале да извадат биометриски пасош.
XS
SM
MD
LG