Достапни линкови

Расмунсен бара од Чешка дополнителни војници во Авганистан



Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен денеска е во Прага со барање до чешките лидери да испратат дополнителни војници во Авганистан. По средбата со чешкиот премиер Јан Фишер, Расмусен изјави дека засилувањето на мисијата за обука на авганистанските сили е неопходо за постепеното повлекување на НАТО силите од Авганистан. Чешката влада одобри испраќање на дополнителни 55 војници, но оваа одлука сеуште не е помината во Парламентот поради противењето на левичарските партии.
XS
SM
MD
LG