Достапни линкови

Русија и Украина ќе ги подобруваат односите


Претседателите на Русија и на Украина, Дмитриј Медведев и Виктор Јанукович на денешните разговори во Москва најавиле унапредување на меѓусебните односи. Јанукович изјави дека новите власти во Украина ќе направат промени во односите со Москва, кои веќе никогаш нема да бидат исти како во претходните 5 години, кога Киев повеќе беше свртен кон Западот. Тој најави дека ќе бара од Русија преиспитување на договорите за испорака на гас, според кои Украина беше принудена да плаќа европски цени.
XS
SM
MD
LG