Достапни линкови

Судири меѓу полицијата и демонстрантите во Атина


Во Атина денеска дошло до судири меѓу полицијата и демонстрантите кои протестираа против новите мерки на штедење што ги објави грчката Влада со цел да ја надмине финансиската криза. Полицијата употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои фрлале камења пред парламентот. Главните грчки синдикати за 11-ти овој месец најавија генерален штрајк. Инаку, грчкиот премиер Папандреу денеска е во посета на Германија каде што бара подршка за излез од кризата. Германија соопшти дека не планира да и даде финансиска помош на Грција.
XS
SM
MD
LG