Достапни линкови

Предвремени избори до крајот на годинава?


Повторно избори?

Повторно избори?

Пратеникот Тито Петковски од НСДП смета дека до крајот на годинава ќе има предвремени избори. Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски вели дека предвремените избори се неминовни ако не се деблокираат евроатлантските интеграции. Од ДУИ пак велат, приоритет е решавањето на спорот за името, а предвремените избори нема да донесат ништо.

До крајот на годината ќе има предвремни парламентари избори, вели претседателот на НСДП Тито Петковски. Неговата изјава се надоврзува на изјавата на претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски кој изјави дека предвремени избори се неминовни ако не се
Би било крајно неодговорно политички да се избори предвидуваат и закажат пред да истече рокот од шест месеци што ни го остави ЕК во извештајот.
деблокираат евроатланските интеграции. Од Демократската Унија за интеграција, коалициониот партнер во Владата, велат дека со предвремени избори ништо нема да се реши.

Пратеникот Тито Петковски вели дека изборите се извесни, ако не се реши во наредниот период прашањето за спорото за името со Грција. Петковски вели дека „иделано “ време за избори е тие да се одржуваат на есен.

„Би било крајно неодговорно политички да се избори предвидуваат и закажат пред да истече рокот од шест месеци што ни го остави ЕК во извештајот.“

Потпреседателката на ДУИ, Теута Арифи, вели дека проблемот со името треба да се реши во наредниот период, а ако тоа не се случи со предвремни избори ништо нема да се реши.
Не би сакала да мислам дека тоа е решението кое евентуално би било понудено од страна на која и да е политичка опција во Македонија. Затоа што тоа не е решение и нема ништо да се добие со тоа. Без разлика колку некој посакува предвремени избори, мислам дека тоа не е приоритет за земјава, туку приоритет е решение за името.


„Не би сакала да мислам дека тоа е решението кое евентуално би било понудено од страна на која и да е политичка опција во Македонија. Затоа што тоа не е решение и нема ништо да се добие со тоа. Без разлика колку некој посакува предвремени избори, мислам дека тоа не е приоритет за земјава, туку приоритет е решение за името.“

Лидерот на Нова Демократија, Имер Селмани во интервју за Радио слободна Европа, што ќе можете да го проследите во недела, вели дека евентуалното нерешавање на спорот, ќе докаже дека париите во владата се немоќни и тие тоа треба да го кажат пред јавноста, и да се откажат од власта.

„Ценам дека излегувањето на ДУИ од владата ќе биде нивна одлука, но одлука којашто би можела на некој начин не само да го забрза процесот за предвремени избори, но одлука која со тешки последици за Република Македонија не само за надворешната политика, туку и внатрешната политика.“

Премерот Никола Груевски пред извесно време изјави дека не се подготвуваат предвремени избори.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG