Достапни линкови

Односите меѓу САД и Турција во опасност


Турскиот амбасадор во САД, Намик Тан

Турскиот амбасадор во САД, Намик Тан

Турција го повика својот амбасадор во Соединетите држави на консултации откако Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом усвои резолуција со која масовните убивања Ерменци за време на Отоманската империја се оценуваат како геноцид. За Ерменија, резолуцијата претставува зацврстување на човековите права во светот.

Станува збор за необврзувачка резолуција која во Комитетот, и покрај приговорите од администрацијата на престедателот Барак Обама и од турската влада, мина со 23 гласа, еден повеќе од оние што беа против неа. Турција веднаш одговори со отповикување на амбсадорот Намик Тан од Вашингтон.

Премиерот на Турција Таип Ердоган

Во соопштението на турскиот премиер Таип Ердоган се наведува дека резолуцијата би можело да ги наруши турско-американските односи, како и напорите на Турција и на Ерменија за надминување на вековното непријателство. Претходно, Белата Куќа соопшти дека Обама го повикал турскиот претседател Абдула Ѓул да го изрази неговото задоволство од турските напори за нормализација на односите со Ерменија. Притоа Обама побарал од Анкара да го ратфикува договорот со Ерменија постигнат во минатиот октомври за отворање на нивната меѓусебна граница.

Во истовреме Обама побара од Комитетот да не ја усвојува резолуцијата, бидејќи тоа ќе ја навреди Турција во време кога односите со

Како што злосторствата на геноцидот продолжуваат во светот, така турската политика на отфрлање на ерменскиот геноцид им дава дозвола на оние што извршуваат такви злосторства...
Анкара се клучни за американската политика на Блискиот Исток. Сепак, резолуцијата се најде на гласање пред Комитетот:

„Како што злосторствата на геноцидот продолжуваат во светот, така турската политика на отфрлање на ерменскиот геноцид им дава дозвола на оние што извршуваат такви злосторства.“

изјави претседателот на Комиетот, демократот Хауард Берман, наведувајќи дека секое заладување на билатералните односи околу американската резолуција ќе мине брзо, бидејќи Турција ја сфаќа важноста на врската со Соединетите држави. Тој наведе дека со слична резолуција излегоа и дваесетина земји на Европската унија.

Некои членови на Комитетот сметаат дека со резолуцијата Вашингтон ризикува да загуби од угледот во претежно муслиманската Турција и тоа во моментот кога се обидува да го поправи својот имиџ во исламскиот свет.
Амбасадорот Тан за време на гласањето во Конгресот

„Треба да осигураме дека нашата одлука нема да предизвика последици со кои се ставаат во опасност американските безбедносни интереси и нашите операции во Авганистан и во Ирак.“

изјави републиканската конгресменка Ајлијана Рос Лехтинен. Резолуцијата сега оди на усвојување во Претставничкиот дом на Конгресот, иако не е јасно кога тоа и би можело да се случи. Анкара прифаќа дека многу Ерменци биле убиени од Турците за време на Првата светска војна, но одбива да признае дека станува збор за повеќе од 1,5 милиони жртви и за геноцид.
Во 2007 година Турција го отповика својот амабсадор, откако во Соединетите држави беше усвоена слична резолуција. Тогашниот претседател Џорџ Буш се изјасни против неа и таа никогаш не беше ставена на гласање во Конгресот. Турскиот амбасадор по една недела се врати во Вашингтон.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG