Достапни линкови

Во Грција штрајкови, Папандреу во Берлин


Грчкиот премиер Јоргос Папандреу денеска во Берлин треба да се сретне со германскиот канцелар Ангела Меркел за да разговара за грчката финансиска криза. Пред посетата Меркел изјави дека ги поддржува напорите на Грција за излез од кризата, но оти не планира доделување финансиска помош. Во меѓувреме во Атина парламентот треба да гласа за новите владини мерки за штедење. Инаку, Грција и денеска ќе биде парализирана поради штрајкот организиран од синдикатите во знак на протест против предложените мерки.
XS
SM
MD
LG