Достапни линкови

Милошоски на состанок со министрите за надворешни работи на ЕУ


Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, денеска и утре ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија. Состанокот ќе се одржи во Кордоба, Шпанија, земјата преседавач со Унијата. За време на состанокот е предвидено да се разговара за состојбите во регионот на Западен Балкан, како подготовка за состанокот на високо ниво за Западен Балкан кој треба да се одржи кон крајот на мај или почетокот на јуни во Сараево. Притоа, посебен акцент ќе биде ставен на состојбите во Босна и Херцеговина и во Косово.
XS
SM
MD
LG