Достапни линкови

Средба Пахор-Косор-Тадиќ во Словенија


Премиерот на Словенија Борут Пахор, денеска ќе се сретне со премиерот на Хрватска, Јадранка Косор и со претседателот на Србија , Борис Тадиќ. Пахор изјавил дека средбата ќе ја искористат за подготовки за регионалната конференција за интеграциите на Западен Балкан во ЕУ која треба да биде одржана во Брдо крај Крањ на 20 март. Се очекува на таа конференција под работен наслов Заедно за ЕУ, да биде усвоена заедничка декларација на лидерите на државите од регионот со која ќе испратат порака до Брисел за очекувањата од процесот на пристапување во Унијата.

XS
SM
MD
LG