Достапни линкови

Турција го отповика својот амбасадор во САД


Турција го отповика својот амбасадор во Соединетите Држави, откако Комитетот за надворешни работи на американскиот Конгрес изгласа необврзувачка резолуција со која за геноцид се прогласуваат убиствата на Ерменци за време на Отоманската ера. Резолуцијата е одобрена и покрај противењата на администрацијата на Барак Обама и на Турција. Турција е членка на НАТО и сојузник на САД и има клучна улога за американските интереси на Блискиот Исток и во Авганистан. Турскиот премер Реџеп Таип Ердоган изјавил дека резолуцијата може да ги загрози односите меѓу неговата земја и Соединетите држави и да ги забави преговорите за отварање на границата меѓу Турција и Ерменија. За Ерменија пак гласањето на резолуцијата е поттик за човекови права. Резолуцијата треба да оди на понатамошно гласање во домот на пратеници. Турција прифаќа дека многу Ерменци се убиени од страна на Отоманските Турци, но негира дека станува збор 1,5 милиони починати и дека тоа преставува геноцид.
XS
SM
MD
LG