Достапни линкови

Украинскиот претседател Јанукович во посета на Москва


Виктор Јанукович денеска ќе отпатува во прва официјална посета на Русија, откако стана претседател на Украина. Се очекува разговорите во Москва да бидат фокусирани на тоа што Украина не одвојува доволно пари за користење на рускиот природен гас. Јанукович е задоволен со тоа што Русија јасно се противи на тоа Украина да се приклучи на НАТО. Јанукович беше инагуриран за претседател на Украина, минатата недела. Пред да ја посети Москва, Јанукович беше во посета на Брисел.

XS
SM
MD
LG