Достапни линкови

Интервју: Академик Митко Маџунков


МАНУ

МАНУ

Би било многу лошо и да се помисли дека сега треба заради неколку одредници цела една енциклопедија, цела една книга да биде уништена, рециклирана. Ако веќе тука се направени некои грешки тука треба и да се застане, да се стави точка со одредено објаснeние за оспорените одредници и потоа да се почне со подготовка на една сосема нова енциклопедија.

Академик Маџунков, на каков начин ќе ги решавате спорните прашања и одредници?

Се тргна како еден проблем со 5-те одредници кои на беа спорни. Околу тоа сите се согласивме. Меѓутоа, во меѓувреме се виде всушност дека има многу, многу поголеми проблеми и според моето мислење веројатно ќе мораме да одиме на сосема ново издание на енциклопедијата, а околу статусот на постојното издание постојат повеќе можности. Една од нив може да биде и промена на актуелните одредници во издадената енциклопедија, но според моето милсење треба да се направи една обеман анализа на целата енциклопедија.

Колку што можам да констатирам засега е неизвесно каква ќе биде судбината на старата енициклопедија?

Најлошо решение би било да се оди на некоја остра варијанта. Би било многу лошо и да се помисли дека сега треба заради неколку одредници цела една енциклопедија, цела една книга да биде уништена, рециклирана. Ако веќе тука се направени некои грешки тука треба и да се застане, да се стави точка со одредено објаснeние за оспорените одредници и потоа да се почне со подготовка на една сосема нова енциклопедија.

Академик Маџунков, дали во редакцискиот одбор има академици- албанци и какво ќе биде учеството со нивните експерти?

Јас очекувам дека соработката ќе биде добра. Значи, од албанската страна тука се академикот Абази, како и професорот Абдули. Јас сум голем противник на некакви надгласувања. Ние околу спорните пишувања во енциклопедијата треба да се договориме и можеме да се договориме. Тоа е можно единствено ако се направи една цврста концепција и ако во средиште е да речеме државотворноста на Македонија, да се завртиме кон тоа што е од интерес за Македонија и што е како држава не поврзува. Треба да внимаваме на се што би можело да не раздели. Околу тоа не треба да имаме никакви дилеми. Во оваа држава ги остварувме сите свои интереси и од неа зависи дали ќе бидеме среќни или несреќни, а не од некои други работи.
XS
SM
MD
LG