Достапни линкови

logo-print

Што е следно во спорот за името?


Што е следно? Медијаторот Метју Нимиц

Што е следно? Медијаторот Метју Нимиц

Преговарачите за спорот за името меѓу Македонија и Грција и медијаторот Метју Нимиц се во постојани контакти, но сеуште се чека на следниот чекор на Нимиц, велат од македонското министерство за надворешни работи. За сега, нема најави за нова средба.

Тие велат дека засега немаат информации од канцеларијата на Нимиц, за средба со преговарачите. И портпаролката на ОН под чие медијаторство се води името и од грчкото министерство за надворешни работи, немаат детали за евентуални повторни средби.
Проблемот стана многу посложен одошто името за меѓународна употреба. Сега лесен излез нема да има од оваа ситуација. Излезот е прво внатре да се види кои елементи од надворешната политика и домашната политика треба да се отстранат што е многу тежок процес. Политичарите логично бегаат од тоа, затоа што ќе ги изгубат изборите .
Медијаторот по посетата на регионот, изјави дека прво ќе си ги среди инпресиите , па потоа ќе соопшти дали повторно тој ќе дојде на посета или пак ке ги повика преговарачите кај него. Заедничка средба меѓу него и преговарачите немало од јуни минатата година.

Во меѓувреме не стивниваат меѓународните пораки за решавање на спорот за името. Последната порака е од амбасадорот на Соединетите Држави во Македонија, Филип Рикер, кој порача дека токму сега и токму оваа пролет е вистинско време за решение. Рикер побара да се тргнат на страна сите неважни прашања и преку демонстрирање на храброст и лидерство да се реши прашањето за името.

За експерите основниот проблем е изгубеното врем и на двете инволвирани страни . Професот Денко Малески вели дека сега политиката е фатена во стапица, од која тешко може да произлезе решение.

„Проблемот стана многу посложен одошто името за меѓународна употреба. Сега лесен излез нема да има од оваа ситуација. Излезот е прво внатре да се разговара, да се види кои елементи од надворешната политика и домашната политика треба да се отстранат што е многу тежок процес. Политичарите логично бегаат од тоа, затоа што ќе ги изгубат изборите и тука, логично, фатени сме во таа наша стапица.“

Решавањето на спорот, дополнитело се отежнува и со тоа што во Грција има социјални немири заради економската криза. Но професорот Малески вели дека меѓународната заедница прво ќе остави двете страни сами да си го решат спорот, и да си ја дефинираат позицијата, а тие можат да реагираат само ако настане некоја драматична криза.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG