Достапни линкови

logo-print

Во Германија осудени 4 исламски милитанти за заговор за тероризам


Германски суд денеска осуди четири исламски милитанти за заговор за напади против американски и други цели во Германија. Обвинетите - двајца германци конвертирани во Ислам, еден германски граѓанин од турско потекло и еден турски државјанин беа уапесни во 2007 година. Тие признаа дека планирале напади. Двајца од нив добија по 12 години, еден 11 и еден 5 години затвор. Нивната цел, според Обвинителите, била да ја казнат Германија затоа што испрати војници во Авганистан.
XS
SM
MD
LG