Достапни линкови

Во Москва почина Арџимба, првиот бунтовнички лидер на Абхазија


Денеска во Москва на 64 години почина Владислав Арџимба првиот бунтовнички лидер на грузискиот регион Абхазија. Тој во 1990 ,пред распадот на Советскиот Сојуз, стана лидер на Абхазија и потоа започна војна против Тбилиси, а во 1992 прогласи независност. Арџимба на два пати беше избран за Претседател. Русија по војната со Грузија во 2008 ја призна независноста на Абхазија и другиот сепаратистички регион Јужна Осетија.
XS
SM
MD
LG