Достапни линкови

Гломазна јавна администрација


Вработување во државната администрација награда за партиските кадри?

Вработување во државната администрација награда за партиските кадри?

Македонската јавна администрација е партизирана и гломазна, оценуваат експертите. Според нив, големиот државен апарат го оптоварува буџетот со тековни расходи и не придонесува за економски развој на државата. Државата, според УСАИД, е најголем работодавач во Македонија

Мала и ефикасна јавна администрација подготвена да одговори на сите потреби на граѓаните и останатите институции во државата пошироко. Се чини дека структурата на јавната администрација во земјава е спротивна од препораките на Европската унија.
Големиот број на вработени во јавната администрација претставуваат терет во буџетот. Тоа се тековни обврски кои мора да се исплаќаат, по основа на плати и надоместоци.
Државниот апарат е голем и гломазен и претставува значаен расход од државната каса која ја полнат граѓаните преку даноци, вели аналитичарот на Центарот за економски анализи Шенај Хаџимустафа

„Големиот број на вработени во јавната администрација претставуваат терет во буџетот. Тоа се тековни обврски кои мора да се исплаќаат, по основа на плати и надоместоци.“

Во јавноста е веќе познато дека во администрацијата има вработени кои многу ретко се појавуваат на работа а сепак земаат плата, вели Хаџимустафа и додава

„Подобро е наместо тие пари да им се дадат на нив да се вложат во стопанството, каде што поголем број луѓе ќе имаат позитивен ефект од тие вложувања.“

Администрацијата е `рбет на државата, но кај нас таа е партизирана и неефикасна, вели професорот Мерсел Биљали
За жал, кај нас администрацијата е тотално партизирана, така што и квантитативно и квалитативно не одговара на своите функции за вршење ефикасни дејности во однос на државата.

„За жал, кај нас администрацијата е тотално партизирана, така што и квантитативно и квалитативно не одговара на своите функции за вршење ефикасни дејности во однос на државата.“

Државата е најголем работодавач, но и покрај забелешките за пренатрупаност на јавната администрација, во одредени делови на државните служби има недостаток од квалификувани кадри, вели шефот на мисијата на УСАИД Мајкл Фриц

„Некои министерства треба да имаат капацитети за истражувања и аналитика, но немаат ниту еден вработен во тие оддели. Платите се ниски, па понекогаш е тешко да се задржат вработените. Во минатото, кога имало смени на влади и министри имало големи кадровски смени и во министерствата, што ја пореметува способноста на министерството да си ја врши работата“

Во развиените земји, во услови кога повеќе од 30 отсто од вработените се во јавната администрација, се смета дека државниот апарат е преоптоварен. По тој принцип и имајки го предвид бројот на жители, македонската јавна администрација не би требала да брои повеќе од 70.000 вработени. Сепак, според се уште неофицијални проценки, во земјава има околу 120.000 вработени во јавната администрација. Во Србија, земја која има повеќе жители од Македонија, јавната администрација брои 70.000 вработени. Но и покрај тоа, српските власти најавија планови за опуштање на една петина од овие вработени со цел да се исполнат условите за странска финансиска помош. Кратење на вработените во јавната администрација е предвидено и во последните антикризни мерки на грчката влада.
XS
SM
MD
LG