Достапни линкови

Во Стразбур започна процесот Јукос против Русија


Во Европскиот Суд во Стразбур денеска започна сослушување во процесот против Русија по тужбата поднесена од страна на поранешни директори од банкротираната нафтена компанија Јукос. Тие ја обвинија руската влада за кршење на нивните права во прогонот против компанијата за наводни даночни престапи и бараат 98 милијарди долари надомест, што е најголема сума во 50-годишна историја на судот. Поранешниот сопственик на Јукос Михаил Кодорковски е отслужува осум години затворска казна за измама и даночно затајување уверувања. Тој и неговите поддржувачи велат дека судскиот процес против него и Јукос бил политички мотивирани. Пресудите на Европскиот суд за човекови права се обврзувачки за сите членови на Советот на Европа, вклучувајќи ја и Русија.
XS
SM
MD
LG