Достапни линкови

Пакистанските сили убиле 30 талибанци кај границата со Авганистан


Пакистански безбедносни сили убиле 30 талибански борци во близина на границата со Авганистан откако најпрвин биле нападнати. Според пакистанските власти, еден војник загинал, а четворица биле ранети во нападот врз воена позиција во регионот Мохманд. Пакистанските власти пред два дена најавија дека ке почнат операција против талибанците во блискиот регион Баџур.
XS
SM
MD
LG