Достапни линкови

Осудено ослободувањето на полицаец кој уби новинар во Ингушетија


Активистите за човекови права го осудија ослободувањето на полицаецот кој застрела еден реномиран новинар во рускиот јужен регион Ингушетија. Полицецот Ибрахим Јевлојев беше пуштен на слобода во вторникот по поминати три месеци во затвор за убиството на уредникот на еден опозициски веб сајт Магомед Јевлојев во август 2008 година. Американскиот комитет за правата на новинарите соопшти дека одлуката на судот може да го зголеми насилството врз новинарите во Русија.
XS
SM
MD
LG