Достапни линкови

Комитет на Конгресот на САД ќе се изјасни за убиствата на Ерменци


Комитетот за надворешни работи на американскиот Конгрес треба да гласа за резолуцијата со која ќе бидат прогласени за геноцид убиствата на Ерменци од страна на турските сили за време на Првата Светска Војна. Турските власти предупредија дека нивната соработка со Соединетите Држави ќе биде нарушена доколку комитетот за надворешни работи ја поддржи резолуцијата. Директорите на американските воздухопловни одбранбени сили соопштија дека резолуцијата може да доведе до прекин на односите меѓу САД и Турција.
XS
SM
MD
LG