Достапни линкови

Нема кауција за Ејуп Ганиќ


Британскиот суд денеска одби да го пушти на слобода со кауција поранешниот член на претстедателството на Босна и Херцеговина, Ејуп Ганиќ. Претходно, Босна официјално побара од Велика Британија екстрадикција на поранешниот лидер на муслиманите Ејуп Ганиќ. Ганиќ бил уапсен во Лондон поради потерница од Србија за воени злостортва во време на воениот конфликт во Босна. Властите во БиХ сметаат дека тој треба да биде екстрадиран во Босна, а не во Србија. Ганиќ засега останува во притвор до следното појавување на суд на 29-ти март.
XS
SM
MD
LG