Достапни линкови

Папандреу: Очекувам „европската солидарност“


Грчкиот премиер Јоргос Папандреу денеска изјави дека Грција „очекува европска солидарност“ за спроведување на строгите мерки за намалување на буџетскиот дефицит. Грчките медиуми известуваат дека новиот пакет мерки вклучува зголемување на даноците, намалување на платата на администрацијата и замрзнување на пензииите. Папандреу вчера предупреди дека Грција ќе банкротира доколку не спроведе нови порадикални мерки за да се подобри економската ситуација. Тој додаде дека неговата земја се соочува со, како што рече, „воена ситуација“. Европската Унија соопшти дека Грција треба сама да ја реши економската криза и напомена дека ќе се погрижи за стабилноста на европската валута.
XS
SM
MD
LG