Достапни линкови

Украинскиот парламент изгласа недоверба на Владата на Тимошенко


Украинскиот парламент денеска изгласа недоверба на Владата барајќи од премиерката Јулија Тимошенко да ја напушти функцијта.Тимошенко пред пратениците изјави дека ќе го напушти кабинетот и дека нејзината партија ќе прејде во опозиција. Пратениците во наредниве 30 дена треба да формираат нова коалиција и за два месеци треба да креираат нова Влада. Ако пратениците не ги извршат своите обврски, украинскиот претседател Виктор Јанукович има право да свика вонредни парламентарни избори.
XS
SM
MD
LG