Достапни линкови

Белгија ќе ги врати сите баратели на азил од Македонија


Белгискиот министер за азил и имиграција Мелкиор Ватле оценил дека имигрантите од Македонија, кои бараат азил, се изманипулирани не само во својата земја, туку и од луѓе во Белгија. Тие луѓе се жртви, бидејки се изманипулирани и сите ќе бидат вратени дома, изјавил Ватле за Дојче Веле. Тој деновиве ќе ја посети Македонија и ќе има средба со премиерот Никола Груевски, а планира и да ги посети кумановските и прешевските села, од каде што се и најголемиот дел имигранти.
XS
SM
MD
LG