Достапни линкови

logo-print

Смртни казни за ирански анти-владини демонстранти


Ирански второ-степен суд ја потврдил смртната казна на еден 20 годишен студент поради учество во анти-владините протести во декември, минатата година, објавуваат денеска некои опозициони интернет страници. Мухамед Амин Валиан бил прогласен за виновен поради, како што оценил судот, војна против господ, односно за фрлање камења врз безбедносните сили за време на протестите во Техеран. Иранските медиуми јавија дека уште 10 лица, кои учествувале во анти-владините протести, биле осудени на смрт.
XS
SM
MD
LG