Достапни линкови

Нови мерки на грчката влада- поголем ДДВ и помали плати


Грчката влада денеска ќе објави нови мерки за дополнително намалување на буџетскиот дефицит за околу четири милијарди евра, со што годинава вкупниот дефицит би бил намален за 4 насто, соопшти министерот за финансии Јоргос Папаконстантину. Според него, новите мерки најверојатно ќе вклучуваат зголемување на данокот на додадена вредност од 19 на 21 процент, дополнително намалување на платите во јавниот сектор, замрзнување на пензиите, како и зголемување на данокот на луксузна стока.
XS
SM
MD
LG