Достапни линкови

Казнет европратеникот што го навреди Ван Ромпеј


Европскиот парламент парично ќе го казни британскиот пратеник Ник Фериџ, кој за претседателот на Европската Унија Херман ван Ромпеј рече дека има „харизма на влажна крпа за под“, а Белгија ја нарече „не баш особена земја“. Фериџ, кој доаѓа од редовите на евроскептичната Партија за независност на Велика Британија, ќе изгуби десетдневна дневница во висина од 2 илјади и 980 евра, затоа што одби да им се извини на Ван Ромпеј и на Белгија за навредите изречени во расправата од минатата недела. Европскиот парламент истакнува дека однесувањето на Фериџ било недолично и без почитување, како и дека неговите коментари упатени кон Ван Ромпеј и Белгија биле агресивни.
XS
SM
MD
LG