Достапни линкови

Расте бројот на жртвите од земјотресот во Чиле


Бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес што во саботата го погоди Чиле се искачи на 795, соопшти претседателката на земјата Мишел Бачеле. Во меѓувреме, генерал Боско Песе, шеф на армиските операции во погодениот регион, изјави дека цунамито предизвикано од потресот опустошило 200 километри од крајбрежјето. Тој изрази страхување дека само во најпогодениот регион Мол бројот на загинати ќе биде поголем од 1000.
XS
SM
MD
LG