Достапни линкови

Масони во Македонија


Скопје
Скопје

Темплари, витези, ротарјанци, масони, сите светски асоцијации од ваков тип повеќе од една деценија се дел од самостојна Македонија. Големата масонска ложа на Македонија е формирана во 2005 година. Кои се и што се овие организации и како тие функционираат во Македонија.

Авторитети, хуманисти, лобисти. Личности кои партиципираат во градењето на македонското општесто создавајќи и пренесувајќи нови етички вредности. Афирмирани и собрани во јавни или тајни друштва тие се вклучени во креирањето политика, уметнички и социјален амбиент на државата. Темплари, витези, ротарјанци, масони, сите светски ассоцијации од ваков тип повеќе од една деценија се дел од самостојна Македонија. Некои од нив имаат свои корени и пред еден век со членови од Македонија во ваквите европски клубови и сојузи. Пред петнaесет години се основаше првата ложа на масоните во современа Македонија. Слободните ѕидари, како уште се нарекуваат долго време градеа ореол на тајно друштво. Но, во историјата на масоните на Балканот е наведено дека братот на поетот Прличев и еден од дејците на ВМРО, Кирил, бил масон. Големата масонска ложа на Македонија е формирана во 2005 година, вели за Слободна Европа Живко Груевски големиот мајстор на голема масонска ложа во Македонија .
Во октомври месец после десетина години макотрпна работа на првите масонски браќа во суверена Република Македонија, успеаа да го заслужат признанието од Обединетата Голема Ложа на Англија и да го добијат светлото, или историски првата голема ложа на Македонија да биде назначена во Скопје


,,Во октомври месец после десетина години макотрпна работа на првите масонски браќа во суверена Република Македонија, успеаа да го заслужат признанието од Обединетата Голема Ложа на Англија и да го добијат светлото, или историски првата голема ложа на Македонија да биде назначена во Скопје.„

Вели Живко Груевски.

,,Самата ложа е нормално регистирана во легалните органи.„

Додава Груевски.
Поединечно можеби се зане и за некои од современите масони, а ги има меѓу политичарите, бизнисмените, новинарите, уметниците лекарите писателите. Братствата не водат листа со членови и таа никогаш не се објавува.

,,Членови во масонската ложа се луѓе со сосема различни политички убедувања, дури некои од нив нормално и со определени функции во нивните професионални активности во нормалниот живот. Нема апсолутно никаква причина било кој член, поединец, индивидуално да не се претстави како масон.„

За разлика од слободните ѕидари, членовите на Ротари клубовите во земјава се нешто полиберални во комуникацијата со јавноста, препознатливи по низа доброволни акции и филантропски постапки.

,,Ние припаѓаме на Ротари Дистрикт на кој што припаѓаат Бугарија, Грција, Србија, Црна Гора и Косово.„

Зборува Тоше Коцевки познат бизнисмен и претседател на Ротари клубот. За разлика од неколкуте масонски ложи ротаријанците се отворени за јавност на своите дебати и собири.

,,Имало теми кои што се политички, како да се подобри некоја ситуација како што е економска, политичка или еве на пример, гостин ни беше Ерван Фуере темата беше ,,Политичката ситуација во Македонија и ЕУ„. Не сме имале досега прилика да разговараме за македонско-грчкиот јазол, со силна желба сме тоа прашање да се реши побрзо.„

Вели Тоше Коцевски.
XS
SM
MD
LG