Достапни линкови

Владата ќе формира Комитет за следење на азилантите


Владата донела одлука да се формира Комитет кој ќе ги следи барањата за азил на македоснките државјани во други држави.Во владиното соопштението пишува дека членови на овој комитет ќе бидат вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски, вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор Абдилаќим Адеми, шефот на дипломатијата Антонио Милошоски, министрите за внатрешни работи и за правда Гордана Јанколовска и Михајло Маневски, и директорот на Агенцијата за иселеништво Васил Наумов.
XS
SM
MD
LG