Достапни линкови

ЕУ бара подобро информирање на граѓаните за визната либерализација


Европската комисија соопшти дека Македонија, Србија и Црна Гора треба подобро да ги информираат своите граѓани за условите во кои можат и во кои не можат да ја користат визната либерализација за шенген зоната. Директорот на канцеларијата за Западен Балкан, Пјер Мирел изјави дека „ станува збор за добро организирана појава на злоупотреба на визниот режим и таа треба да се истражи и запре“.Белгискиот премиер Ив Латерм на 8-ми март доаѓа во Скопје и во Приштина, а упати и писмо до Евопската Комисија со барање „да се ограничат погубните последици од укинувањето на визите“ за граѓаните на Македонија, Србија и Црна Гора.

XS
SM
MD
LG