Достапни линкови

Стечајците пробале насилно да влезат во Владата


Дел од стечајни работници денеска се обидоа да влезат насилно во Владата откако слушнаа дека им се одбиени барањата, известува новинската агенција Макфакс. Полицијата ги спречила во нивните обиди. Макфакс јавува дека ситуацијата набрзо се расчистила но еден од демонстрантите се онесвестил и е однесен во Клиничкиот центар. Претставниците на стечајците најавија дека протестот ќе продолжи во вторник и дека „ќе ја каменуваат или маваат со јајца владата“.

XS
SM
MD
LG