Достапни линкови

Американци и Грузици на заеднички воени вежби


Американските војници започнаа денеска со заеднички тренинзи со грузиската крајбрежна стража.Вежбите се одвиваат на брегот на Црното море во близина на абхазискиот регион. Американската војска соопшти дека целта на овие дводневни вежби е да им помогнат на грузиските крајбрежни чувари во обуката за безбедност. Заедничките тренинзите на Американците и Грузиците следуваат по соопштението на руската федерална служба за безбедност дека завршуваат со поставување на крајбрежна стража во Абхазија.

XS
SM
MD
LG