Достапни линкови

Украинската владеачка коалиција се распадна


Потпаролот на украинската премиерка, Јулија Тимошенко соопшти дека владеачката коалиција се распадна денеска поради неуспешниот обид да докаже дека се уште имаат мнозинство во Владата. Тимошенко се уште е на функција. Парламентарците утре ќе гласаат доверба на Владата. Во наредните 30 дена Собранието треба да формира нова коалиција, доколку не успее во тоа претседателот Виктор Јанукович ќе може да го распушти Парламентот и да побара предвремени парламентарни избори, јавуваат новинските агенции.
XS
SM
MD
LG