Достапни линкови

Ејуп Ганиќ останува во притвор во Лондон


Поранешнот член на Претседателството на Босна и Херцеговина Ејуп Ганиќ, кој вчера беше уапсен на аеродромот Хитроу во Лондон, ќе остане во притвор до 29 март, кога треба да се одржи ново сослушување, јавуваат агенциите. Ганиќ бил уапсен врз основа на меѓународна потерница издадена од Министерството за внатрешни работи на Србија, под обвинение за извршени воени злосторства. Властите во Белград го обвинуваат Ганиќ, кој сега е професор во Сараево, дека како член на тогашното босанско колективно Претседателство бил одговорен за нападот врз еден конвој од војници на поранешната Југословенска народна армија во Сараево во мај 1992 година при што беа убиени четириестина војници.
XS
SM
MD
LG