Достапни линкови

Авганистан забрани директно пренесување на напади на милитантите


Авганистанската разузнавачка служба соопшти дека забранува медиумско пренесување во живо на напади на бунтовниците, бидејќи тоа би можело да им помогне на милитантите. Имено, како што се наведува, таквото директно пренесување им ја открива на бунтовниците тактиката на можниот контра напад на авганистанските сили. Во веста не се наведува како е можно да се спроведува забраната до која дојде три дена откако талибански бомбаши самоубијци извршија напад во Кабул при што загинаа 16 луѓе, повеќето странски државјани.
XS
SM
MD
LG