Достапни линкови

Еден од лидерите на ХАМАС се откажал од синот


Еден од основачите на ХАМАС шеик Хасан Јусуф синоќа јавно се откажал од неговиот син Мусаб откако тој претходно призна дека тајно соработувал со израелската тајна служба, јавуваат агенциите. Јусуф тоа го сторил во писмо објавено на интернет страницата на ХАМАС. Оваа палестинска организација додава дека писмото било прокриумчарено од еден затвор во Израел каде што тој отслужува казна од шест години. Неговиот син Мосаб пред три години преминал во христијанска вера и се преселил во Калифорнија, а деновиве јавно призна дека бил информатор на израелската агенција Шин Бет.
XS
SM
MD
LG