Достапни линкови

Газета шќиптаре: Папандреу лут поради спорот за границата со Албанија


Грчкиот премиер Јоргос Папандреу на крајот од февруари требало да престојува во Тирана, но се налутил поради спорот за морската граница меѓу Грција и Албанија и ја одложил посетата, не прецизирајќи друг датум за неа, објави албанскиот весник „Газета шќиптаре“.
Како што јави дописникот на МИА од Тирана, престојот на Папандреу во албанскиот главен град не требало да биде официјална посета, туку само требало да присуствува на средба на Социјалистичката интернационала, чиј претседател е.
XS
SM
MD
LG